Марсел Хиршер по четврти пат го освои признанието „Златен скијач“

во категоријата Спорт од

Австриецот Марсел Хиршер е добитник на наградата „Златен скијач“ – признание кое го доделува Интернационалната асоцијација на новинари за скијање. Ова е четврто признание за скијачот кој испишува историја во овој спор. 
Хиршер беше прогласен за „Златен скијач“ во 2012, 2015, 2016 и 2017 година. Со ова признание, Хиршер се израмни со Пирмин Цурбриген, кој исто така четири пати ја освојуваше наградата.
Австрискиот универзален скијач во март сезонава ја освои седмата титула во Светскиот куп, а се закити и со две злата на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.  

Извор: https://www.gol.mk/