Мамиќ дочека: Динамова пролет во Загреб, конечно, по долги 49 години!

во категоријата Спорт од

Хрватскиот тим Динамо Загреб по долги години ќе има европска пролет. „Модрите“, во чии редови настапува Аријан Адеми, со 3-1 ја совладаа Спартак Трнава и влегоа во нокаут-фазата во Лигата на Европа.
Верувале или не, тоа е прв настап на хрватскиот гигант во нокаут-фазата по долги 49 години. Последен пат Динамо играше нокаут-фаза во 1970 година, кога во рамки на Купот на Куповите на Победниците имаше четвртфинале со Шалке 04. Прв со реакција на овој успех се јави Здравко Мамиќ, некогашниот прв човек на тимот.
„Не можам да опишам колку сум горд, на сите нас кои со нашата работа, нашата пот, крв и солзи донесовме славје на сите навивачи на Динамо и на фудбалот. Динамовата пролет пристигна во Загреб по 49 години и вечерва сме сведоци на историски настан за хрватскиот фудбал и настан кој со насмевка ќе им го преаскажуваме на нашите деца и внуци. Благодарност до тренерот, до стручниот штаб, па и куварките, домаќинките, работниците кои работат на одржување на стадионот, сите што се дел од Динамо, како и таа сјајна публика која ја води оваа екипа до успеси. Динамо, те сакам!“, напиша Мамиќ на социјалните мрежи.

Динамо Загреб е перфектен во својата група и по четири кола има четири победи.

Извор: https://www.gol.mk/