Малигни болести ги напаѓаат преживеаните во терористичките напади во Њујорк!

во категоријата Свет

Осумнаесет години по терористичките напади врз кулите „близначки“ во Њујорк, преживеаните во трагедијата денес се соочуваат со сериозни малигни заболувања, откриваат статистичките податоци.

Жаклин Фебрилет, имала 26 години и работела во близина на Светркиот трговски центар, кога на 11 септември 2001 година џихадисти со грабнати цивилни авиони ги урнаа њујоршките „Близнаци“. Таа денес е една од илјадниците заболени од рак поради изложеност на отровни материи ослободени во пожарот по нападите.

Њујорчаните коишто живеат или се нашле во близина на токсичниот облак, кој со недели лебдеше над јужен Менхетн, денес, покрај малигните, се борат и со тешки  болести на органите за дишење.

Во регистрите на здравствената програма на Светскиот трговски центар има околу 20.000 болни, што е двојно повеќе од 2016 година, а повеќе од 4.000 се пациенти со карцином. Главниот лекар на њујоршките пожарникари, Дејвид Презент, изјавил дека е невозможно кај секој од болните да се утврди точната причина на болеста, бидејќи ниту еден крвен тест не може да покаже карактеристичен „печат“ дека причината е нападот на Светскиот трговски центар. Тој соопштил дека неколку студии покажале дека процентот на заболени од рак е зголемен за 30 проценти кај луѓето коишто биле изложени на честичките од облакот создаден на денот на терористичките напади. На 11 септември 2001 година, во нападот врз Близначките загинаа 3.000 лица, а 6.000 беа ранети.

Извори: CNA, AFP

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/