Македонските пензионери редовно ќе ги добиваат пензиите

во категоријата Економија

Пензискиот систем се стабилизира, а дупката во пензискиот столб е се помала изјави министерската за труд и социјална политика Мила Цароска. Пензионерите не треба да стравуваат за сигурноста на своите примања бидејки во континуитети имало покачување на пензиите кои од првичните 13200 денари сега достигнале до 14600 денари.

Имаме квалитетни пензии за сегашните пензионери но важно е дека и идните пензионери кои денеска инвестираат во фондот треба да бидат сигурни дека ќе ја дочекаат својата пензија.Од 3 милијарди колку што беше во 2006 година стигнавме до 17-18 милијарди денари дупка.Со тоа што ние сега одиме со минус 3,5-4 милијарди оваа година.Што значи за прв пат се исплатија пензии без да има позајмици и тоа е голема работа – изјави Мила Цароска- министер за труд и социјална политика.

На прашањето дали се откажува од нејзините неодамнешни тврдења за наводни проневери во пензискиот систем, за што имаше големи реакции од Дуи, Цароска рече дека се што имала доставила до судот.

Јас нема да коментирам ништо поврзано со тоа што јавноста го коментира.Тоа што јас како министерка го имам со законска обврска дека секоја можна злоупотреба во системот треба да се пријави до надлежната институција. Се она што сум го имала како информација сум го доставила до надлежната институција која е одговорна за истрага. Се надевам дека таа инстутуција одговорно и посветено ја водела својата истрага и дошла заклучок до кој дошла – рече Мила Цароска- министер за труд и социјална политика.

За сега ќе нема покачување или намалување на старосната граница за пензионирање и покрај препораките од меѓународните финансиски институции за нејзино зголемување.

Векот на работење е 64 години за мажи, а 62 години за жени со исполнување на 15 години стаж што е нормално со земјите во регионот.За разлика од поразвиените земји каде векот на работа е мнгу подолг до 67 години – изјави Шаип Зенељи- директор а Фонд за пензиско осигурување.

Во Охрид претставници на фондовите за пензиско осигурување од поранешна Југославија дебатираа за усогласување на проблемите и потребите за пензионерите кои произлегуваат од поранешната заедничка држава.

Мики Трајковски

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk