Македонија од трет шешир ја чека конкуренцијата за СП У19 во Скопје

во категоријата Спорт

Машката кадетска репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за Светското првенство У19, кое во август годинава ќе се одржи во нашиот главен град.

Откако беа затворени контитенталните квалификации и потврдено е дека Бразил, Аргентина и Чиле се последните патници на мундијалот, ИХФ го дефинираше и изгледот на шеширите во пресрет на ждрепката закажана за 29 мај во Базел.

Поточно 24 репрезентации се поделени во шест шешири, а Македонија е во третиот заедно со Србија, Словенија и Унгарија, кои ќе ги избегне во групната фаза.

На СП во Скопје, кое ќе се игра од 6 до 18 август, ќе играат четири групи со по шест екипи, а најдобрите четири тима од секоја група ќе се најдат во осминафиналето на СП. Последните две селекции, пак, ќе играат во Президент куп.

СП У19 Македонија
1. ШЕШИР: Шведска, Исланд, Данска и Хрватска
2. ШЕШИР: Шпанија, Германија, Франција, Бахреин
3. ШЕШИР: Македонија, Србија, Словенија, Унгарија
4. ШЕШИР: Египет, Јапонија, Норвешка, Тунис
5. ШЕШИР: Бразил, Аргентина, Чиле, Тајпеј
6. ШЕШИР: Нигерија, С. Арабија, Португалија и Канада

Извор: https://sportmedia.mk/