Македонија и Бугарија со меѓусебен меморандум за соработка во инфраструктурата

во категоријата Економија

Северна Македонија и Бугарија во Скопје потпишаа меморандум за соработка за инфраструктурни проекти, трговска размена и искуства за членство на земјата во евроатлантските структури. Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски рече дека потпишаниот меморандум означува динамичен процес на спроведувањето на договорот за добро соседство меѓу двете земји.

Бугарската министерка за регионален развој Петја Аврамова очекува подобрување на патната инфраструктура за зајакнување на трговијата меѓу двете земји.

„Овој меморандум е едноставно продолжение на договорите што произлегуваат од Договорот за добрососедство, потпишан на 1 август 2017 година. Во член 7, се потенцира дека обете страни ќе го зголемат нивото на транспортни и комуникациски врски“, рече Аврамова.

Двајцата министри не дозволија прашања од новинари кои беа заинтересирани за отворените прашања меѓу двете држави. На втората годишнина од потпишувањето на договорот, бугарскиот премиер Борисов за време на состанокот со неговиот колега Заев рече дека комисиите треба што поскоро да најдат решение за спорот околу Гоце Делчев.Според него, неопходно е дека до октомври, пред одлуката на ЕУ за датум за преговори, двете држави да најдат решение за ова отворено прашање.

Бесијан Лека

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk