ЛШ: Динамо и Ц. Звезда на чекор до групната фаза (ВИДЕО)

во категоријата Спорт

Загрепски Динамо и белградска Црвена Звезда направија голем исчекор до место во групната фаза од најелитното европско натпреварување. Во првите мечеви од плеј-оф колото, Динамо пред своја публика со 2:0 го победи Розенборг, додека Црвена Звезда на гостувањето во Берн против Јанг Бојс обезбеди реми – 2:2.

Динамо двата гола против Розенборг ги постигна во првото полувреме. Најпрво Петковиќ во 7. минута отвори со гол од пенал за 1:0, за Оршиќ во 28. минута да зголеми и на 2:0.

Црвена Звезда иако водеше од стартот на вториот дел на гости против Јанг Бојс, на крајот можеше да се задоволи само со реми. Домашните први дојдоа во водство преку Асале, за дегенек да израмни до крајот на првиот дел на 1:1.

Во вториот дел гостите погодија уште во првото полуреме преку Гарсија за 2:1, но Јанг Бојс се спаси од пораз со голот на Хоро од пенал.

Сепак, најубедлив триумф вечерва имаше Олимпијакос кој дома го совлада руски Краснодар со 4:0.

Извор: https://sportmedia.mk/