Лешај контра Мета: Нема опасност од граѓански судир во Албанија

во категоријата Регион

Албанскиот министер за внатрешни работи, Сандер Лешај, ја коментираше напнатата политичка ситуација во земјата и указот на претседателот Илир Мета за поништување на изборите на 30-ти јуни. Во интервју за Визион Плус, министерот Лешеј изјави дека на 30 јуни нема шанси да има конфликт.

“Она што денес се обидува да се продаде, како можност за конфликт во Албанија, едноставно е обид да се поткопа најголемото достигнување на Албанците во последните три децении, тоа е воспоставување на правен систем кој на крајот ќе создаде надеж за фер и рамноправност за сите граѓани на оваа земја “, изјави министерот за внатрешни работи, отфрлајќи ги наводите на шефот на државата, Илир Мета, кој пред неколку дена изјави дека има информации дека земјата е загрозена од граѓански судир.

Од друга страна, министерот Лешај, фокусирајќи се на резолуцијата на социјалистите, истакна дека Мета ја загуби својата доверба во Собранието. Тој, исто така, ги коментираше активностите на опозицијата, како и протестите против премиерот Рама во Либражд, нарекувајќи ги напори за спречување на полицијата за фаќање на опасни елементи.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/