ЈП „Лајка“ ги информира граѓаните на општина Аеродром дека ќе почне со акција за фаќање на кучиња од понеделник.
– Би сакале да ве известиме дека од понеделник, 6.март. 2023 г. заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување по општини. Имено, нашиот тим на заловувачи следната недела (6-10. март) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов и Населба Лисиче. Втората недела од стратешкото заловување (13-17.март) нашиот тим ќе заловува во населбите Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово, информира МВР.
Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.
Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]
ИЗВОР: skopjeinfo.mk