Куче робот влечеше три тони тежок патнички авион на аеродром во Италија (ВИДЕО)

во категоријата Технологија

Силата на кучето робот HyQReal беше тестирана минатата недела на италијанскиот аеродром во Џенова и успеа 33 метри да го влече патничкиот авион Piaggio P180 Avanti тежок три тони, објави Италијанскиот институт за технологија.

HyQReal е релативно голем робот, посебно во споредба со SpotMini, кој минатиот месец, при тестирањето успеа да влече огромен камион. HyQReal е долг три метри и висок само 90 сантиметри. Тежок е 130 килограми.

„Кучето кое го влече авионот овозможи да ја покажеме неговата сила, автономија и оптимизиран дизајн”, изјави Клаудио Семини, водител на проектот во лабораторијата на Италијанскиот институт за технологија.

„Сакавме да постигнеме нешто што никогаш претходно не е направено и успеавме минатата недела”, изјави Семини, соопштено е од Италијанскиот институт за технологија.

 

ИЗВОР: https://usb.mk