Куп на Швајцарија: Ѓорѓев му даде гол на Сервет и го однесе Грасхоперс во 1/8 финалето!

во категоријата Спорт

Никола Ѓорѓев е херојот на Грасхоперс. Македонскиот повремен репрезентативец одигра одлично во 1/16 финалето од Купот на Швајцарија против Сервет. Ѓорѓев во 47.минута постигна гол за 1:0 против прволигашот, тоа беше сосема доволно да го однесе својот тим во следната фаза од Купот на Швајцарија.

Македонецот беше во игра се до 84.минута кога го напушти теренот. Секако дека ова е голем успех на тимот на Ѓорѓев ако се знае дека Грасхоперс оваа сезона игра во Втората лига на Швајцарија, додека Сервет е во горниот дел од табелата во тамошната елитна лига. Инакумечот се одигра на „Лецигрунд“ стадионот во Цирих, познат по најпознатиот атлетски митинг во светот.

Извор: https://sportmedia.mk/