Крстичиќ ја победи леукемијата и му порача на Михајловиќ: Ја знам таа болест, но те знам и тебе, ќе победиш!

во категоријата Спорт

Поддршка за Синиша Михајловиќ стигнува од сите страни. Тој вчера соопшти дека боледува од леукемија и дека извесно време ќе мора да оди на лечење.

Поддршка стигна и од некогашниот член на Сампдорија, сега е дел од АЕК, и поранешен српски репрезентативец Ненад Крстиќиќ, кому пред 11 години му била дијагностицирана леукемија, и лекарите му рекле дека ќе живее само два дена.

„Ја познавам таа болест, тешко е да се борите со неа. Но те знам и тебе, тоа е доволно да знам дека ќе победиш“, му порача Крстиќиќ на Михајловиќ.

Извор: https://sportmedia.mk/