Косово: Тачи го одликуваше Клинтон со Орденот на слободата

во категоријата Свет

ПРИШТИНА (AA) – Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денес го прими поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Бил Клинтон, кој во Косово престојува по повод 20 годишнината од слобода на Косово, пренесува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Тачи во таа пригода изјави дека претседателот Клинтон е симбол на доверба, оптимизам и надеж за граѓаните на Косово. Тој оцени дека претседателот Клинтон беше лидер кој го обедини светот против неправдата и дека бил најпопуларен политичар кој ја обезбедил слободата на Косово.

„Се поклонуваме со длабока благодарност пред вас за слободата на Косово. Благодарни сме им на САД кои водеа кампања за запирање на етничко чистење и враќање на граѓаните на Косово во своите домови, за да обноват нов живот и мир за сите”, рече претседателот Тачи.

„И не можеме да не бидеме горди на овој голем придоносител на нашата слобода да изразиме длабока благодарност која луѓето на Косово ја чувствуваат. Ви благодарам претседателе Клинтон”, додаде Тачи.

Врз основа на признавање за неговиот придонес за слободата на Косово, претседателот Тачи на Клинтон му врачи орден на слободата.

„Врз основа на моите овластувања како претседател на Косово, но и како ваш пријател, денес ви доделувам награда во име на косовските институции, народот на Косово. Нема награда која би можела да го награди вашиот придонес, бидејќи најголема награда е слободата на Косово која се рефлектира на мирот и стабилноста на целиот западен Балкан”, додаде косовскиот претседател.

Клинтон, откако ја прими наградата, рече дека Косово заслужува слобода и да биде дел од НАТО и Европската унија.



.(AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/