Косово-Србија, Трамп сака договор пред изборите во САД

во категоријата Регион

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би сакал Косово и Србија да го постигнат конечниот правно обврзувачки договор што е можно поскоро, односно за време на неговиот мандат. Како што информирата дел од српските медиуми, Трамп го бара тоа бидејќи следниот ноември се претседателските избори во САД, па би сакал да го искористи договорот меѓу Косово и Србија во кампањата. Според овој медиум и во Србија ќе има избори следната година, па постигнувањето договор со Косово би било потешко во пост-изборниот период.

 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/