Конференција за реформи, експерти: Земјава бележи застој!

во категоријата Економија

Експертите констатираат дека земјава бележи застој во спроведувањето на потребните реформи за ЕУ. Според нив, најголемиот недостиг се забележува во јавната администрација и судството. Професорот Борче Давитковски смета дека стратегијата на Владата за реформи во јавната администрација е онаа од ‘90-те години.

Експертите од полето на безбедноста констатираат дека со формирањето на Оперативната техничка агенција и по формирањето на Агенција за национална безбедност, реформите во безбедносните служби ќе ги покажат првите резултати.

Експертите упатија критики и за реформите во полето на образованието. Овие коментари Дујовски и Давитковски ги дадоа во рамките на конференцијата „Има или нема реформи во земјата“.

Адриан Керими

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk