Комичната оперета „66-ка“ вечер во Крива Паланка

во категоријата Култура

Во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, вечер во 20 часот ќе биде прикажана комичната опера во еден чин „66-ка“ на Жак Офенбах.
– Оперетата е едночинка и за прв пат се претставува во Македонија, на македонски јазик. Оперетата е во режија на Љупка Јакимовска, со пијано придружба маестро Иван Еминовиќ и професионалната солистичка екипа: Јане Дунимаглоски, Полина Тасева и Невен Сиљановски. Токму ваквиот настан кој ќе понуди смеа до солзи вечерва е на репертоарот во нашиот град, на празничната вечер, изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.
Настанот е во организација на Здружението за оперски уметници „ОпераТИ“ во соработка со Македонска опера и балет.
Ѓоргиевска ги повика сите кривопаланчани да ја проследт комичната приказна на наивните патници кој научиле дека не треба прерано да се радуваат на игрите на среќа. Влезот е слободен.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/