Клуб почна да потпишува договори и со навивачи

во категоријата Спорт

Кога на стадионот има малку луѓе мора нешто да се преземе. Данскиот фудбалски клуб Хорсенс користи нови и неконвенционални методи за да ги натера луѓето да доаѓаат на стадионот.

Клубот реши да преземе нешто поради слабата посетеност, а од идната сезона очекува бројката од 3.500 луѓе во просек да биде зголемена. Методот е едноставен. Хорсенс потпишува договори со навивачите, а секој од тие има слободен пристап на стадионот во било кое време, потоа пиво, сок или вода, потоа ужина за време на натпреварот, а од друга страна мора да ги дразнат грлата од викање и да ги „дерат“ дланките од ракоплескање за клубот да оствари победа на својата „Каса арена“.

„Иако тоа може звучи како мал смешен трик, но за нас е сериозна работа. Со овој договор ќе добиете многу од нас како клуб, меѓутоа ќе мора да дадете нешто од себе. Секој што ќе се пријави оди на состанок со координаторот на клубот. Мораме да се најдеме очи во очи со тој што потпишуваме. Да разјасниме што бараме од него, а што добива тој“, вели директорот на клубот Кристијан Нилсен.

Извор: https://sportmedia.mk/