Кит Го засега со девет нови имиња, следуваат пријателски со Борец, Беласица…

во категоријата Спорт

Пре десет дена второлигашот од Пехчево ги стартуваше летните подготовки. Првата фаза успешно е одработена, тоа го вели и самиот тренер Емил Грнев. Од ланскиот состав од Кит Го си заминаа неколкумина, но затоа екипата се засили со девет нови имиња. А тоа се Бошко Ступиќ, Дарко Алексовски,Марјан Ташков, Трајче Ефремов, Марио Сандевски, Марио Крстов, Оливер Христов, Анџело Николовски и Кристијан Антонов.

Пехчевци закажаа и четири пријателски средби, засега дефинирани се „тестовите“ со Плачковица (19 јули), со Беласица (24 јули), Борец (27 јули), Кожуф (1 август).

Извор: https://sportmedia.mk/