„Катимерини“: Слаб одзив на референдумот во Македонија

во категоријата Регион

30 септември 2018 / 17:00

Шест часа по отворањето на гласачките места одзивот на граѓаните е слаб, коментира „катимерини“. Весникот ја споделува информацијата од Државната изборна комисија на Македонија која покажува дека до 13 часот на гласачките места се појавиле само 16 проценти од гласачите запишани во избирачкиот список.
Катимерини потсетува дека на парламентарните избори во 2016 година излезноста во првите шест часа од гласањето била безмалку 35 проценти.

Извор: http://www.alsat-m.tv/mk/