Каталонците прво го наградија Меси, а потоа беа гневни на него (ФОТО+ВИДЕО)

во категоријата Спорт

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси на гала вечера во каталонската престолнина го доби највисокото признание на Владата на Каталонија, крстот на Св. Јури, кој се доделува од 1981 година.

Меси е вториот фудбалер по Јохан Кројф кој го добива ова престижно признание. Лео го доби поради „спортските достигнувања, хуманитарната работа и придонесот во каталонското општество.“

Но, интересно е што Меси многу брзо по доделувањето на наградата го навлече гневот на Каталонците, со оглед на тоа дека настанот беше искористен и за да им се пркоси на властите во Мадрид и се скандираше „слобода за политичките затвореници“ (мислејќи на оние кои се борат за каталонската независност) проследено со ракоплескање.

И додека сите останати во салата аплаудираа, Меси беше единствениот кој стоеше мирно.

 

Извор: https://sportmedia.mk/