Карате клуб „Форца“, место на успехот и медали – каратистките се стремат кон олимписки и светски достигнувања

во категоријата Македонија

Освоија повеќе од 100 медали на домашни и балкански натпревари. Најголемата желба на каратистките од Карате клубот „Форца“ е во иднина да се закитат со светски и олимписки трофеи. Тренерот Мухамер Имери, вели дека овој клуб брои многу талентирани деца, кои честопати, во турнири од разни категории успевале да го освојат првото место. Додава дека Клубот има освоено голем број медали. Според Имери спортот е најдобриот рецепт за одвикнување од телефоните и интернетот.

„Имаме многу медали и трофеи, не можам да ги набројам, стотици се. Имаме и многу балкански медали, Првенства во Македонија во два стила: ката и кумите. На последниот турнир учествувавме во две активности, односно „Гази Баба Опен“ и „Улцињ Опен“, вели Мухарем Имери – тренер во карате клуб „Форца“

Иако има само 11 години, сонот и желбата на Дурата Мемети е да го освои Светското првенство. Таа се има закитено со многу успеси и медали. Од вкупно 120 медали што ги има освоено, 80 се златни.

„На „Гази Баба Опен“ успеав да се рангирам на првите две места во две категории, во „ката“ и „борење“. Во Хрватска го освоив првото место. Имам победувано и на многу други турнири. Имам над 120 медали, од кои 80 златни“, изјави Дурата Мемети – каратистка во карате клуб „Форца“

Верона Ајрини, раскажува зошто го избрала овој боречки спорт. Вели дека одлуката ја донела слушајќи го гласот на своето срце.

„Многу сум среќна, бидејќи ова е нешто што излегува од мојата душа. Имам два балкански медали. Станува збор за сребрен медал од Балканското првенство за кадети, додека последниот, бронзен балкански медал го освоив во декември 2018 година. Целам да освојам уште многу медали, а како сите други спортисти, па така и јас, се стремам да го освојам златниот олимписки медал“, Верона Ајрини – каратистка во карате клуб „Форца“

Јелда Имери е уште една мала каратистка, но со големи амбиции и достигнувања. Иако има само 10 години, Јелда успеала да ги израдува своите родители и на своите полици да закачи златни медали.

„Научив многу нешта. Станав првак во Македонија и Албанија. Сега бев и во Улцињ и ги освоив првите две места во „ката“ и „борење“. На почетокот беше тешко, но кога станав првак, се навикнав. Имам 100 медали. Сакам да станам балкански и европски првак“, изјави Јелда Имери – каратистка во карате клуб „Форца“

Инаку, тренерот Мухарем Имери, вели дека сега е полесно, за разлика од претходните години, бидејќи како што тврди, сега децата имаат поголема поддршка од родителите и повеќе простор да се занимаваат со разни спортови. Имери додава дека промените се позитивни и дека бројот на заинтересираните за боречки спортови, расте сѐ повеќе.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: https://tv21.tv/