КАН 2019: Алжир на пенали ги мина „слоновите“ за полуфинале

во категоријата Спорт

За првпат по 2010 година, репрезентацијата на Алжир ќе игра во полуфиналето на Купот на Африканските нации. Алжирците денеска по подобро изведување на пенали славеа над Брегот на слоновата коска и обезбедија полуфинале со Нигерија.

На средбата во Суец, во регуларниот дел двете селекции постигнаа по еден гол за конечни 1:1. Фегули постигна гол за Алжирците во првото полувреме, а израмни Коџиџа во вториот дел од средбата.

Откако и по дополнителното време немаше победник, Алжир имаше повеќе среќа во пенал-рулетот и со 4:3 обезбеди место во полуфиналето.

Извор: https://sportmedia.mk/