Како малиот Еибар извлече два милиони евра oд Барса

во категоријата Спорт

Барселона си го врати својот млад фудбалер Марк Кукуреља од Еибар откако плати четири милиони евра. Всушност ова е интересна зделка, а за да се објасни мора да се вратиме една година поназад. Еибар го зема 20-годишниот Кукуреља од Барса на позајмица на една сезона со опција да го купи за 2 милиони евра. Малиот шпански клуб ја искористи можноста и пред една недела ја активира клаузулата и според договорот си плати 2 милиони евра за играчот. Но Барселона посака Кукуреља да се врати на „Ноу Камп“ затоа што во него гледа перспективен играч, па тие ја активираа клаузулата во новиот договор според кој може да си го вратат играчот за четири милиони евра.

Тоа и го направија. Еибар си ќари 2 милиони за играч кој и онака не беше нивен.

Извор: https://sportmedia.mk/