Како изгледа пневматик за автономен електричен автомобил од иднината? (ВИДЕО)

во категоријата Технологија

Автономната и електричната мобилност ги поврзале Goodyear и Citroën со партнерски проект.

Познатиот производител на гуми за автомобили го изработил пневматикот C100 специјално за автомобилот на иднината, електричниот автомобил Citroën 19_19, по повод одбележувањето на стогодишнината на овој француски автомобилски бренд.

Од Goodyear наведуваат дека C100 со својата уникатна конструкција и иновативни карактеристики носи максимална удобност и ефикасност во областа на електричната мобилност, а во исто време има карактеристики кои се потребни за автономно возило.

Концептот вклучува напредна сензорска технологија која ќе ги „чувствува“ површината на патот и временските услови и ќе комуницира со автономниот систем за контрола на возилото.

Пневматиците исто така ќе имаат активна технологија за намалување на абењето која во текот на возењето ќе ја проценува состојбата на гумите и ќе се грижи за превентивно одржување.

C100 припаѓа на групата висококвалитетни гуми, со дијаметар од скоро еден метар, што е дури 40 сантиметри повеќе од просечна гума.

Со својата висока и тесна основа треба да обезбеди добри перформанси на возачите, удобност и подобри возни карактеристики на влажни површини, а нејзиниот помал отпор на тркалање ќе ја зголеми енергетската ефикасност на возилото.

Дезенот на газниот слој е дизајнирана така што возењето да биде потивко, бидејќи имајќи во предвид дека има речиси сто блока повеќе од стандардните пневматици.

При дизајнирањето, Goodyear барал инспирација во природата и за смесата за каналите на газниот слој ги опонашал особините на природна печурка. Затоа, газниот слој во суви услови станува поцврст, додека при влажно време омекнува, па затоа пневматикот би добил подобри карактеристики за сопирање во сите услови, како и подобо потпирање и подобра возност.

C100 засега постои само во концептна форма, но некои од неговите напредни технологии, како што се високата и тесна структура, веќе се користат, а други, како што е „интелигенцијата“ на гумата, брзо се развиваат.

Извор: Додај Гас

Извор: Додај Гас

ИЗВОР: https://usb.mk