Како изгледа денеска Халкидики, ден по страшното невреме? (ФОТО)

во категоријата Регион

Страшни фотографии пристигнуваат од туристичките места на полустровот Халкидики во Грција, каде што летуваат и голем дел на македонски државјани.

Паднати дрвја, чадори, бандери, уништени автомобили, урнати кровови од куќи и ресторани… Ова е сликата која утринава е забележана на Халкидики.

Најтешко се погодени Неа Мудања и Неа потидеа, кои се наоѓаат пред првиот крак, популарни места и за нашите туристи. Местата биле полни со оглед дека во ек е туристичката сезона.

Седум лица загинаа во вчерашното страшно невреме. Нема Македонци меѓу загинатите, соопшти македонското МНР.

Извор: https://tv21.tv/mk