КАКОВ ТИМ Е ОВА- дадоа 402 гола на 30 натпревари!

во категоријата Спорт

Сезонава неколку пати пишувавме за женскиот тим на Бенфика и нивната доминација во втората португалска лига. Тие во 30 натпревари во сите конкуренции дадоа дури 402 гола! Неверојатен ефект и само потврда дека оваа нова екипа има високи амбиции и сака да игра во Лигата на шампионките.

Бенфика само по првите четири кола имаше гол-разлика 85:0 со победи како двапати по 28:0, 19:0 и еднаш 10:0. Потоа по 14 натпревари дадоа 257 голови. Сега по 30 ја надминаа границата од 400 голови во една сезона (319 во првенството и 83 во другите натпреварувања). Тоа е чудо над чудата. Најголемата победа им беше 32:0.

Утре Бенфика ќе го брка трофејот од Купот затоа што во финалето ќе игра против тимот на Ваљадарес Гаја и шанса да се набилда головата статистика и да се закити клупската витрина со трофеј.

Извор: https://sportmedia.mk/