Казнети над 150 возачи во Скопје

во категоријата Македонија

Во периодот од 06.00 до 24.00 часот на 24.08.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење.
Притоа, сторени се вкупно 35 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.

Откриени се и 39 останати прекршоци, при што издадени се 13 прекршочни платни налози и 26 мандатни платни налози.

Во периодот од 18.30 часот на 24.08.2019 до 01.30 часот на 25.08.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.

При контролата санкционирани се 46 возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози.

Исто така, откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/