Иранско-британскиот државјанин Алиреза Акбари погубен поради шпионажа

1 min read

Иранско-британскиот државјанин Алиреза Акбари е погубен откако беше осуден на смрт за шпионажа, објави денеска државната новинска агенција Мизан, цитирана од светските агенции.

Иранските државни медиуми претходно објавија дека Акбари е осуден на смрт под обвинение за шпионирање за Велика Британија, а Врховниот суд ја одбил неговата жалба.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли вчера изјави дека Иран не смее да го погуби Акбари, поранешен заменик – министер за одбрана на Иран.

Велика Британија ја оцени смртната казна на Акбари како политички мотивирана казна и повика на негово итно ослободување.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Егзекуцијата на Акбари за Лондон е „кукавички чин на варварски режим“

Следно

Ќе се гради градинка кај кулите „Џевахир“ во Аеродром

Latest from Blog

Марија Павловска добитничка на престижната меѓународна награда „Донатело“ на Фондацијата ‘Fondazione Effetto Arte’ во Палатата Боргезе во Фиренца

Селектирана и посочена како уменик со активност на интернационално ниво, Марија Павловска, e добитничка на престижната меѓународна