Изјавата на Заев, обид за спин – „Јавноста не се дефокусира со такви дејствија“, вели Кордалов

во категоријата Македонија

Изјавата на премиерот, Зоран Заев која се однесува на новинарите и ЛГБТ заедницата, е добро смислена и претставува обид за дефокусирање на јавноста од важните настани, како што е случајот „Рекет“. Експертот за односи со јавноста, Бојан Кордалов, даде детално објаснување за целта и ефектот на вчерашната изјава на Заев.

Дали можеш да добиеш или да изгубиш уште повеќе во случаи кога се лансира изјава која предизвикува реакции? Кордалов смета дека нивниот ефект не е оддржлив и дека нема никаква стратегија со таква контроверзни изјава да се дефокусира целата јавност.

По изјавата на премиерот Заев, имаше низа реакции од организации кои се залагаат главно за правата на ЛГБТ заедницата и од организации за правата на новинарите. Но овие реакции не влијаела воопшто во тоа енергијата на медиумите и јавноста да биде фокусирана кон главните теми,  дека чекаат набрзо разрешница за „Рекет“ и другите случаи.

ПОДГОТВИ: АГРОН ВРАНГАЛА

Извор: https://tv21.tv/