Издржливиот Samsung Galaxy XCover 4s официјално претставен по цена од 300 евра

во категоријата Технологија

Информациите за Samsung Galaxy XCover 4s беа во целост објавени изминатава недела, а сега јужнокорејската компанија официјално го претстави телефонот во Италија.

Како и другите телефони од линијата XCover, телефонот е издржлив и отпорен. Се карактеризира со IP68 сертификат за отпорност на вода и прав, како и MIL-STD 810G компатибилност. Останатите карактеристики го ставаат телефонот во сегментот на средната класа.

Galaxy XCover 4s доаѓа со 5-инчен TFT HD екран, Exynos 7885 чипсет, 16MP f/1.7 камера на задната страна, 5MP f/2.2 предна камера и 2800mAh батерија. Телефонот користи Android 9 Pie, има 3GB RAM меморија и 32GB простор за складирање кој може да се прошири преку microSD слотови. Димензии на уредот се 145,9 x 73,1 x 9,7 mm.
sam2_268.jpg
Доделеното копче XCover од страната може да биде програмирано да извршува одделна функција (отворање на претпочитаните апликации) и може да биде целосно приспособено кон потребите.

Samsung Galaxy XCover 4s ќе биде достапен во Италија по цена од 300 евра и се очекува наскоро да пристигне и на другите европски пазари.

ИЗВОР: https://usb.mk