Зошто Шаќири не сака да игра за Швајцарија?

во категоријата Спорт

Швајцарија победи на последниот меч од квалификациите за ЕП 2020, но атмосферата во репрезентацијата не е воопшто добра. Швајцарските медиуми пишуваат дека отсуството на Џердан Шаќири во тимот, само дополнително ја компликува ситуацијата.

Шаќири не беше со репрезентацијата на претходните два меча, а своето отсуство се обиде да го оправда со тоа што сака да остане во клубот и да се обиде да го подобри својот тимски статус. На почетокот никој не се сомневаше во оваа негова одлука, додека медиумите не ги објавија вистинските причини за неговото отсуство, а тоа е нетрпението со фудбалерот на Арсенал Гранит Џака и битката за капитенската лента.

Директорот на репрезентацијата, Пјерлуиџи Тами изјави дека ќе имаат средба со Џердан за да видат каде е вистинскиот проблем.

„Ќе го посетиме Џердан во Ливерпул за да видиме што е проблемот. Мораме да се справиме со ова, нема да трошиме време размислувајќи дека проблемите ќе се решат сами од себе. Ако проблемот е во капитенската лента џака е подготвен на компромис“, вели директорот на репрезентацијата.

Извор: https://sportmedia.mk/