ЗМИЈА ИЛИ МАГАРЕ? Се бори за опстанок против клубот кој ќе го води следната сезона

во категоријата Спорт

Хенк де Јонг в среда игра меч во кој не знае дали е подобро да победи или да загуби. Може да добие и ако загуби, но може и да загуби ако победи.

54-годишниот тренер на холандски Де Графшап разигрува за опстанок во елитата на Холандија, но уште од сега знае дека следната сезона ќе го преземе тимот на Камбур, кој заврши на 10. место во холандската 2. лига. Ждрепката токму сакаше сегашниот и идниот тим на Де Јонг да играат едне против друг во овие плеј-аут пресметки.

Де Јонг вели дека не се заморува со тоа дли следната сезона ќе биде тренер во првата или втората лига. Како и да е, тој веќе се договорил.

„Јас сум спортист и не сакам да испаднам од лигата. Сигурен сум дека никој во Камбур не очекува моја помош. Сега сум тренер на Де Графшап и не сум се слушнал со никого од Камбур“, тврди искусниот стратег.

Нам ни останува да видиме што ќе ни понуди на утрешниот дуел.

Извор: https://sportmedia.mk/