Здравство тврди дека компанијата „Канабис ОНЕ“ не добила лиценца

во категоријата Македонија

Од Министерството за здравство велат дека не се вистинити информациите објавени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција, а во врска со компанијата „Канабис ОНЕ“.

Компанија со име „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ нема добиено лиценца од Министерството за здравство, така што информацијата објавена од опозицијата е целосна невистина, велат од Министерството. Тие додаваат дека Во Министерството нема ниту поднесено барање од „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ за почнување на постапка за добивање на лиценца.

Од Министерството упатуваат апел до политичките партии да се воздржат од пласирање лажни вести и невистини, како и од инволвирање на приватни субјекти и нивно етикетирање.

— – (-) –

Извор: https://tv21.tv/