За проширувањето на ЕУ ќе одлучува Унгарец, Фон дер Лајен ги објави задолженијата на комесарите

во категоријата Свет

Новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел ги објави задолженијата коишто им ги додели на својот тим од 27 комесари, меѓу кои и поранешниот унгарски министер за правда, Ласло Трошањи, кој ќе биде нов комесар за соседство и проширување. Тој доаѓа на местото на Јоханес Хан, кој пак ќе биде задолжен за буџет и администрација.

За свои заменици Фон дер Лајен ги назначи Валдис Домборовскис, Франс Тимерманс, Маргрет Фештагер и Вера Јурова.

За иновации и млади ќе биде задолжена Бугарката, Марија Габриел, додека Ирецот, Фил Хоган ќе го добие секторот трговија.

Фон дер Лајен соопшти дека сака нејзината Комисија да биде флексибилна, ажурна и современа, посветена на Европа, која ќе ги слуша желбите на Европејците.

Следува целата листа на комесари која треба да биде одобрена и од страна на Европскиот парламент.

 

 

 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/