За една недела седум смртни случаи од грип

во категоријата Македонија

Во текот на изминатата недела, регистрирани се 7 смртни случаи асоцирани со грип, два од нив со датум на смрт во претходните две недели. Се работи за 3 лица од Скопје, две од Кичево и по едно лице од Ресен и Валандово. Возраста на починатите се движи од 37-82 години.

Во текот на сезоната 2018/19, регистрирани се вкупно 22 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од 5 до 86 години.

Кај 5 лица е утврдена претходна хронична болест, односно постоење на ко-морбидитет.

Во текот на 11-та недела од 2019 година (11.03-17.03.2019), во Република Северна Македонија се пријавени 1.573 .

Оваа недела пријавени се заболени лица од 27 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Скопје (n=370), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци

Регистрираната инциденца оваа недела е над неделната граница на сезонска активност на вирусот на грип.

— – (-) –

Извор: https://tv21.tv/