Запален „голф-5“ пронајден кај гробиштата во Бутел, се верува дека го возеле ограбувачите на „НЛБ банка“

во категоријата Македонија

Два часа по грабежот на експозитурата на „НЛБ банка“ во скопската населба Бутел, во близина на реката Серава, кај градските гробишта „Бутел“, полицијата пронајде една рамка од пиштол и запален  автомобил марка „голф 5“, за кои се верува дека им припаѓале на разбојниците.

Според полицискиот извештај, денеска, во 10.36 ч. пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на ул. Ферид Бајрам кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата презмени се мерки и активности од полициски службеници, се наведува во првичната инфотмација од МВР.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/