Заев ќе прави „чистка“ по изборите, ДУИ задоволна од нејзините министри

во категоријата Македонија

Метлата што ја доби на подарок, премиерот Заев ќе почне да ја употребува по претседателските избори. По направената анализа, вели дека ја примиле пораката на незадоволство од граѓаните затоа најави измени во кабинетот.

“Некои институции бавно ги спроведуваат процедурите, а некои функционери се поставија повисоко“, рече Заев. Измените смета дека се здрави и дека се лекција за идните функционери. Конкретни имиња не спомнува а кога ќе дојде време за измени ќе разговара и со коалиционите партнери, кои сега се фокусирани на претседателските избори. Колку оваа чистка ќе ги опфати и функционерите на коалициониот партнер, ДУИ?

-ДУИ, во овој мандат главно ги реализираше скоро сите предизборни ветувања, и на половина од мандатот, би рекол, дека речиси ја исполни изборната програма, но секако тоа е право на претседателот Ахмети кој може да ја оцени индивидуалната работа на секој поединец.-изјави Османи.

Прашање: Велите дека може да има измени?

Османи: Тоа е одлука на претседателот Ахмети.

Идејата за чистка изгледа му се допадна и на министерот за култура, Асаф Адеми, кој на својот Фејсбук профил постираше метла без притоа да напише ниту еден збор, туку само знакот “ми се допаѓа“. Побаравме да ни го објасни неговиот пост но одговор не добивме.

РЕПОРТЕР БЕСИР АРИФИ

Извор: https://tv21.tv/