Заев му се извини на Тачи: „Тоа што ми се случи, нема никаква врска со Русија“

во категоријата Македонија

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека синоќа имал телефонски разговор со премиерот на Северна Македонија, откако Заев беше вмешан во скандалот со руските комичари, на кои има кажал дека Русија и Турција ја поддржуваат идејата на размена на територии меѓу Косово и Србија за нивни цели. Во 20-минутниот телефонски разговор, Тачи рекол дека Заев изјавил оти бил мета на измами и сето она што го кажал било засновано на гласини, дезинформации и податоци лансирани од „Спутник“ и други руски гласила. Премиерот Заев му се извини на Претседателот Хашим Тачи и граѓаните на  Косово.

-Ми се извини на мене и на Косово. Истовремено истакна дека она за кое разговарал со измамниците кои му се јавиле по телефон се работи кои немаат врска со односите со Косово и јасно истакнал дека нема ниту еден факт, доказ или официјална информација за она што го изјавил, туку сето тоа било врз основа на локални и меѓународни гласини, како и на лажните место на весникот „Спутник“-рече Тачи.

Премиерот Заев потврди дека се слушнал со Тачи, а за истата тема разговарал и со српскиот Претседател, Александар Вучиќ. Вели дека нема детални информации околу разговорите меѓу Тачи и Вучиќ поврзани со територијата и границата на Косово.

Заев меѓу другото, додава дека она што му се случило нема никаква врска со руската федерација, туку дека станува завор за приватни прашања од страна на руските пранкери. Русија ја нарекува земја пријател, но сепак, признава дека оваа земја не ја сака Македонија во НАТО.

Косовскиот претседател нагласи дека односите меѓу Косово и Северна Македонија биле, се и ќе останат коректни, позитивни и конструктивни, во духот на добрососедството. Инаку, пред неколку дена премиерот Заев наседна на шегата на двајца руски комичари кои му се јавиле претставувајќи се во име на украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

РЕПОРТЕР: АГРОН ВРАНГАЛА

Извор: https://tv21.tv/