Заев и Брнабиќ го означија почетокот на работата на интегрираниот граничен премин меѓу Македонија и Србија

во категоријата Економија

Премиерот Зоран Заев и неговата српска колешка, Ана Брнабиќ, денеска го одбележаа стартот на работата на интегрираниот граничен премин меѓу Србија и Северна Македонија.

Српската премиерка изјави дека новиот едношалтерски заеднички граничен премин ќе овозможи побрз премин на камиони и е сигнал за поттикнување на регионалната трговија. Брнабиќ во своето излагање ја критукуваше одлуката од Приштина, за воведувањето такси за производи од Србија и од БиХ, додавајќи дека Србија ќе бара алтернативни решенија во склучување билатерални договори со други земји.

По одбележувањето на стартот на работата на интегрираниот граничен премин меѓу Србија и Северна Македонија, српската делегација се ушати во Скоје, а за во 14:30 часот е закажана средба меѓу Брнабиќ и претседателот Стево Пендаровски во вилата на Водно.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk