ЕУ одби да преговара повторно со Британија – анализа во Студио 1

во категоријата Свет

Во отвореното Студио 1, новинарот Дејан Андоновиќ ги анализира последните настани околу Брегзит, односно тоа што Брисел повторно го одби барањето на британската премиерка Тереза Меј за предоговарање.

-Меј дојде во Брисел во обид да преговара со европските претставници околу можноста да се ревидира договорот за излегување на Британија од ЕУ, особено оној дел околу т.н. ирска граница или како што го нарекуваат „бекстоп“, вели Андоновиќ.

Како што додава, владата на Меј се обидува да го пролонгира договорениот датум 29 март до 24 мај, а во меѓувреме да успее да се договори „бекстопот“ да функционира без граница меѓу Ирска и Северна Ирска.

-Сепак, се договорија во наредниот период на ниво на експертски групи да се обидат да најдат компромисно решение, иако Брисел е дециден и вели „доколку излегувате од ЕУ, нема да имате никакви привилегии, ќе бидете земја што не е членка на ЕУ, што значи дека нема да имате ниту Царинска Унија, ниту какви било поволности како што имавте ако бевте членка, вели Андоновиќ.

Тој објаснува и дека лидерот на британската опозиција Џереми Корбин и порача на Меј дека ќе ја поддржи владата доколку освен за ирската граница, се преговара и за Царинската унија, што за Брисел е неприфатливо.

Целата анализа можете да ја погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Извор: https://1tv.mk/