ЕУ: Вучиќ и Курти го потврдија своето учество на претстојниот состанок во Брисел

1 min read

Според агендата, предвидено е високиот претставник ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, најпрво ќе остварат одвоени средби со Вучиќ и Курти по што ќе следува и заедничка средба

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти го потврдија своето учество на претстојниот состанок во Брисел кој ќе се одржи в понеделник, 27 февруари, информираа од Европската Унија.

Според агендата, предвидено е високиот претставник ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, најпрво ќе остварат одвоени средби со Вучиќ и Курти по што ќе следува и заедничка средба.

Тема на средбата е, како што се наведува, предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Рускиот Парламент го одобри суспендирањето на учеството во договорот „Нов СТАРТ“

Следно

Балтичките земји и Полска бараат од НАТО да и го даде на Украина сето оружје што го бара

Latest from Blog

ФБИ човекот на Еди Рама

Минатиот месец против поранешниот функционер на ФБИ беа покренати федерални обвиненија. Според Министерството за правда, по