Ердоган упати порака со сочувство до Мицотакис и Сакеларополу за железничката несреќа

1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, упати порака со сочувство за загинатите во железничката несреќа која се случи во Грција, пренесува Анадолу.

Според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Ердоган упатил сочувство до грчката претседателка Катерина Сакеларополу и до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за загинатите во оваа несреќа.

Ердоган во пораката изрази длабока жалост за железничката несреќа во Грција.

Турскиот претседател упати сочувство за загинатите, додека на повредените им посака брзо закрепнување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Постигнат договор со приватните превозници во град Скопје 01.3.2023

Следно

Русија: Спречени напади со беспилотни летала на Крим

Latest from Blog