Ердоган: „До крај ќе ги браниме правата на Турција“

во категоријата Свет

АРТВИН (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во областа Јусуфели во градот Артвин се обрати пред граѓаните, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Ердоган во своето обраќање рече дека во април 2021 година браната „Јусуфели“ ќе започне со производство на електрична енергија.

Осврнувајќи се на активностите во новата населба во Јусуфели, Ердоган рече:

„Ние ќе го завршиме овој процес на начин што ќе ги задоволи сите срца. Со нашите работи ќе изградиме нов Јусуфели.“ 

Турскиот претседател се осврна и на последните случувања на Источниот Медитеран. 

„Западот ни се заканува. Ние не потклекнуваме на закани. Ние тука до крај ќе ги браниме правата на Турција“, нагласи Ердоган.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/