Екс хрватски прволигаш продаден за 13.500 евра

во категоријата Спорт

Хрватскиот клуб Шибеник од 1992 до 2012 година констатно играше во Првата лига, но од тогаш никако да се „крене“ овој тим. Лани беше блиску, ама не успеа.

Денеска хрватските медиуми објавија дека тимот ќе добие нов сопственик. Наводно градската управа одлучила да ја прифати понудата на „Парамоунт“ група како најдобра. Одлучено е 95% од акциите да бидат продадени на оваа компанија за 13.500 евра.

Исто така Град Шибеник ќе им ги даде на користење и терените на кои тренира екипата на користење на 23 години.

Град Шибеник, пак, побара гаранции дека тимот нема да испадне во третата лиг аво следните пет години, како и дека нема да го смени името.

Треба да се напомене дека од овој клуб потекнува македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Извор: https://sportmedia.mk/