Експерти тврдат дека мистериозниот астероид е од друга цивилизација (ВИДЕО)

во категоријата Технологија

Мистериозниот меѓуѕвезден астероид Oumuamua би можел да биде големо соларно пловило од друга цивилизација во потрага по знаци на живот, велат астрономите.

Oumuamua пристигна во нашиот сончев систем во октомври 2017 година. Американската вселенска агенција НАСА забележала неочекувано забрзување и поместување на движењето на гигантскиот објект кој минатата година влезе во кругот на нашиот систем.

Една нова студија тврди дека ова би можело да биде пловило на соларна енергија, кое било испратено од вонземјани.

Астрономите од Центарот за астрофизика (CFA) на Универзитетот Харвард го анализирале необичниот облик на објектот налик на цигара, и неговите непредвидливи движења.

– Со оглед на вештачкото потекло, една можност е дека  Oumuamua е соларно летало што лета во меѓуѕвездениот простор, како дел од напредна технолошка опрема. Oumuamua е оперативна сонда, која што е пратена на Земјата да испрати други цивилизации”, пишуваат тие.

Друга можност, која би го објаснила целосниот недостаток на комуникација и било кој сигнал, е дека пловечкото тело е всушност дел од руина на вселенски летала – велат научниците.

ИЗВОР: https://usb.mk