Ексклузивно: Два дена пред бегството Груевски на кејот на Вардар забележан со братот на Нинџа

во категоријата Македонија

До редакцијата на 1ТВ денеска пристигна фотографија од анонимен гледач на која се гледа дека екс премиерот Никола Груевски шета на кејот на Вардар. Според лицето кое ја испрати фотографијата во друштво на Груевски е братот на Александар Василевски – Нинџа. Гледачот тврди дека фотографијата е направена само два дена пред бегството на Груевски од Македонија. Инаку братот на Нинџа, беше телохранител на Груевски со кого на критичниот ден, 27-ми април 2017-та година беше со него во Виена, и преку неговиот мобилен телефон оствариле телефонска врска, Груевски и Нинџа. Сепак и покрај тоа што беше споменат во обвинението на собраниските настани Благоја Василевски се уште не е на листата на обвинети.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/makedonija/