Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија

во категоријата Свет

СКОПЈЕ (АА) – Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на Автопатот Демир Капија – Неготино, пренесува Anadolu Agency (AA).

„На 23.08.2019 во 19:40 часот на Автопатот Демир Капија – Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген фејтон“ со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило со приколка марка „сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (61) од Кавадарци и патничко моторно возило марка „адрија матрикс“ со српски национални ознаки, управувано од С.Ч. (52) од Република Србија“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

Се додава дека по незгодата возачот на возилото во кое се превезувале 13 лица мигранти (10 од Пакистан и три од Бангладеш), го напуштил местото на настанот.

„Едно 20-годишно лице од Бангладеш починало, додека четири лица мигранти се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а осуммина од мигрантите се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во болницата во Кавадарци“, се додава во соопштението.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.



.(AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/