Европскиот парламент на своите вработени им го забрани ТикТок

1 min read

БРИСЕЛ (АА) – По Европската комисија и Европскиот совет, исто и Европскиот парламент (ЕП) на своите вработени им ја забрани кинеската социјална платформа ТикТок поради безбедносна загриженост, пренесува Анадолу.

Претседателката на ЕП, Роберта Мецола, до околу 8.000 вработени на ЕП испрати електронска пошта преку која побара од вработените до 20 март да ја избришат оваа апликација од службените телефони и таблети.

Во електронската пошта се наведува дека образложението за донесувањето на оваа одлука е „загриженоста за кибербезбедноста во врска со употребата на ТикТок, а особено за заштита на податоците и нивно собирање од страна на трети страни“.

Се истакнува дека на вработените им е препорачано да ја избришат оваа апликација и од приватните телефони.

Европската комисја на 23 февруари стана прва институција на Европската Унија (ЕУ) која направи чекор во насока на забранување на ТикТок.

Со оваа последна одлука, ТикТок е забранет во сите институции на ЕУ.

Инаку, ТикТок, кој е во сопственост на кинеска технолошка компанија, предизвикува загриженост во врска со националната безбедност во некои земји.

Во САД е забрането користење на ТикТок во уредите кои се користат за службени потреби.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Французите се мислат дали да им забранат на парламентарци пијанчење на работно место

Следно

(ФОТО) Дали сте ја виделе оваа уникатна градба во Скопје наречена Малиот замок?

Latest from Blog

ФБИ човекот на Еди Рама

Минатиот месец против поранешниот функционер на ФБИ беа покренати федерални обвиненија. Според Министерството за правда, по