ЕВРОЛИГА Ф4: Драма со среќен крај за ЦСКА (М)

во категоријата Спорт

Иако водеа скоро цел меч, кошаркарите на Реал (М) не успеаја да ја совладаат ЦСКА (М) во второто полуфинале на Ф4 турнирот од Евролигата. Со неверојатен пресврт во последните 120 секунди од мечот, кошаркарите на московскиот тим успеаја да дојдат до своето прво Ф4 финале по пауза од две години по победата од 95:90.

Во комплетниот дел од мечот доминираше минатогодишниот шампион. Реал имаше констатна предност, а на пауза замина со 45:43. Во вториот дел во третиот период, Шпанците успеаја да дојдат и до најголемата предност од +13 (58:71), но не успеаја комплетно да го разбијат противникот.

ЦСКА (М) на крилата на Клејбурн, Хантер и фантастичниот Нандо Де Коло кога беше најпотребно, погоди неколку шута од дистанца за комплетно да го смени текот на мечот. Во последните 17 секунди, Љуљ успеа да погоди тројка и да ја врати неизвесноста со они 91:90 за ЦСКА. Русите по прекршокот врз Хигинс реализираа од линијата за слободни рлања за 93:90, па во последниот напад Реал не погоди за три, што значеше и крај на надежите. Хигинс имаше потоа уште една успешна реализација на „пенали“ за конечни 95:90.

На крајот Реал (М) може да жали што нема да ја брани титулата од минатата година, која ја освои на меч против Фенер, кој исто така беше елиминиран во полуфиналето.

Кај ЦСКА (М) најдобар стрелец беше Де Коло кој средбата ја заврши со 23 поени, додека кај Реал Козер постигна 18 поени.

Извор: https://sportmedia.mk/