ЕВРОЛИГА: Реал го разби Панатинаикос и е на чекор до Ф4

во категоријата Спорт

Кошаркарите на Реал Мадрид стигнаа до предност од 2:0 во четвртфиналната серија на плеј-офот на Евролигата откако во својата арена го совладаа Панатинаикос со 78:63.

Уште по првата четвртина беше јасно кој ќе го води главниот збор на мечот кога „Кралевите“ поведоа со 21:8. На полувреме имаа +9 (35:26), а како што одминуваше времето го држеа противникот на дистанца и може да се каже дека финишот го одиграа рутински.

Во редовите на Реал најефикасен беше аргентинскиот репрезентативец Факундо Кампацо со 13 поени, Џефери Тејлор даде 11, а по 10 имаа Ентони Рандолф и Густаво Ајон.

Кај Панатинаикос Дешон Томас реализираше 13 понеи, а 10 имаше Шон Килпатрик.

Наредните два меча за закажани во Атина на 23 и 25 април.

Извор: https://sportmedia.mk/